Трето Колено-поп Китан

Поп Китан бил внук на Лалош, а син на Милош и Китан е првиот поп што останал во паметењето на мојот род. Верувам дека имало и други попови и калуѓери од овие лози, но, во колективната меморија на  мојот род, не се задржале. Но, ако во мојот  род Лалошои не знаеле дали Милош и Лалош биле попови, не случајно на поп Китан прапра дедо му бил епископ Никанор, кој потекнувал  од  свештеничкиот род Главинои од Лешок, на кој домашна слава им била Пречиста, односно заштитничка им била Богородица. Не случајно епископ Никанор од родот  Главинои од Лешок во неговото време ја обновил црквата Св. Богородица во  Лешок, а не случајно повторно се обновува црквата Св. Богородица во времето на Кирил Пејчинович, а најголеми спомагатели од Лешок биле 14 претци од родот Лалошои од Лешок, бидејќи Пречиста им била домашна слава односно заштитничка им била Богородица.

Значи, лица од истиот свештенички род два пати ја обновуваат црквата Св. Богородица во Лешок, но, најпрво во 17 и 18 век го викале Главинои, а подоцна од 19  и 20  век ги викале Лалошои.

Не случајно во имотот на црквата постојат и се евидентирани Глајнова и Китанова нива, како  и Лалошои коштање, бидејќи нивите  биле подарок на црквата во Лешок, од страна на претците на истиот свештенички род Главинои, кој потоа го нарекувале Лалошои.

  1. Трето колено – поп Китан внук на Лалош од Лешок
  2. Пречиста- Домашна слава на Мојот род Спироски-Онуфриевски-Лалошои -Византијци. од Лешок-Precista-Domashna slava na mojot rod Spiroski-Onufrievski-Lalsoi-Glajnio-Vizantijci od Lesok

Leave a Reply