Куќите во Лешок
Во овој поднаслов ќе пишувам за куќите во Лешок, а секако ќе се задржам и на куќите на мојот род Спироски-Онуфриевски-Лалошои Лешок, Македонија. При обработката на куќите ќе се задржам на времето и стилот на градба и секако ќе објавувам и фотографии.
За почеток ќе се задржам на куќите од Лешок, кои биле градени во турско време и имаат традиционална стара македонска архитектура со баџа на кровот. Посебно е значајно што овие куќи и денес август 2015 година постојат, а истите ги сликав со фотоапарат оваа и претходните години. За овие куќи како прилог на овој текст приложувам и фотографии. Со оглед дека оваа страница ја дополнувам во јули 2024 година, неколку куќи се разурнати.
Јас располагам и со повеќе стари фотографии во кои се насликани старите куќи од Лешок и посебно куќите од мојот род Лалошои, за кои имам напишано посебен поднаслов во Мојата книга: Поповската фамилија и род СПИРОСКИ-ЛАЛОШОИ-ОНУФРИЕВСКИ-ГЛАВИНОИ-ВИЗАНТИЈЦИ од Лешок, Македонија, издадена 2009 година.
Фотографии од куќите во Лешок, ќе бидат внесени и во мојата книга за фотографии, која ја припремам
Во продолжение внесувам неколку фотографии на стари куќи во Лешок од кои некои во јули 2024 годин се срушени, и тоа: