Во атарот на селото Лешок има многу топоними, кои ги зборува месното население. Еден позначајните топоними кој постои со илјадици години е Калето во Лешок. Лешочкото кале во својата утроба има огромни карпи од ОНИКС, кои се многу јаки и со илјадници години се отпорни на ерозија и наноси од Лешочката река, така што, селото Лешок е заштитено од поплани и јаки ветришта. Месното население има повеќе легенди, кои се пренесуваат од колено на колено, па, се до денес. Така, е позната легендата за ламјата со шест глави која дошла на Лешочкото кале и Марко Крале кој дојавал со коњот Шарец и со боздоганот и сабјата дипленица и ги отсекол сите шест глави и така го спасил народот. Има и други легенди за смокот, златото, млекото, тунелите и др.
- Митко Спироски Лешочки: Прочка- Вековна традиција на празнување во Лешок = Procka-2018-Lesok, Macedonia
- Духовна култура,Легенди-Spiritual culture,Legends-КНИГА-ЛЕШОК И СОСЕДНИТЕ СЕЛА-BOOK- LESOK AND NEIGHBOURING VILLAGES
Остатоци од Лешочко кале има на западна, северна и источна страна, а во прилог објавувам неколку фотографии кои ги сликав на 28 март 2016 година.


На ден 23 Мај 2016 година влегов во еден од тунелите на Лешочкото кале и направив неколку фотографии и видео снимки. Какви тајни и енигми кријат тунелите од Лешочкото кале, треба надлежните служби да истражуваат. Погледнете ги неколкуте фотографии……







