Во овој поднаслов се внесени и посебно ги обработувам трите народни песни од Полог: Сардисале Лешочкиот манастир, Танец се игра сред село и Како сама спиеш Цвето, кои се поврзбидатани со вистински случувања и се однесуваат за лица од мојата фамилија и род Спироски од Лешок.
Во продолжение ќе биде секоја од овие три песни одделно обработена.
1. САРДИСАЛЕ ЛЕШОЧКИОТ МАНАСТИР
Оваа народна песна е настаната на основа на вистински историски настан од 1905 година, кога на 28 Август 1905 година на Голема богородица бил сардисан Лешошочкиот манастир од страна албанско население и турскиот башибозук. Тогаш биле затворени повеќе лица од Лешок и Полог, а меѓу затворените бил и мојот праддедо Спиро Онуфриевски од Лешок, заедно со неговите браќа Јасре и Атанас.
- По трагите на песната Сардисале Лешочкиот манастир
- Разни автори кои пишувале за песната Сардисување на Лешочкиот манастир
- Живко Стефановски, Радиовце и Јован Дамјановски, Тетово-Сардисале Лешочкиот манастир
- Илија Петрушевски, Лешок-Сардисале Лешочкиот манастир
- Владимир Кочовски, Тетово-Сардисале Лешочкиот манастир
- Бранислав Светозаревиќ, Тетово и Илија Петрушевски, Лешок-Сардисале Лешочкиот манастир
- Митко Ж. Спироски,Лешок-Скопје – Сардисале Лешочкиот манастир
2. ТАНЕЦ СЕ ИГРА СРЕД СЕЛО
Оваа народна песна настанала по вистински настани и љубовта меѓу Гавро Димушевски од родот Петкои од Непроштено и учителката Трпана од тетово, која била учителка во Непроштено. Инаку, Гавро Димушевски бил роден брат на мојата баба Цвета Онуфриевска, кој била мажена за дедо ми Трпо Онуфриевски, кој потекнува од родот Лалошои од Лешок.
3. КАКО САМА СПИЕШ ЦВЕТО
Оваа народна песна е поврзана со вистинската животна сторија на мојата баба Цвета Онуфриевска од Лешок и затоа се обидов малку да ја објаснам.