Во двете книги Лешок односно Лешек, Илија Петрушевски за прв пат ги запишува во книга податоците за Мојот свештенички род Лалошои од Лешок, како и за другите родови во Лешок. Но, моите истражувања и анализирањето на фактите и разните извори на податоци за мојот род Лалошои, со напишаните податоци од страна на Илија Петрушевски не се поклопуваат секаде, иако, во најголем дел се сложуваме.