Трпо Онуфриевски е син на поп Спиро од свештеничкиот род Лалошои од Лешок. Трпо завршил богословско-учителско училиште во Призрен, а по завршувањето одлучил да работи како учител, а не како поп, бидејќи попови биле татко му Спиро и брат му Ѓиго (Глигорие) .Трпо бил првиот учен учител во Лешок, но, и во соседните села на Долни Полог. Трпо Онуфриевски бил многу прогресивен и со јака национална и патриотска свест. Трпо се дружел со најпрогресивните лица од Тетово и пошироко.