КНИГИ ЗА ЛЕШОК

Овој текст е Драфт верзија и ги запишувам книгите кои се напишани за Лешок, до 2019 година.

НОВОСТИ: На 25 Март 2024  година, авторот Митко Поп Спироски  ја објави книгата: РЕЧНИК НА   ЗБОРОВИ ГОВОРЕНИ ВО  ЛЕШОК, МАКЕДОНИЈА -Лешочки говор (Љешечки гоор). Книгата претставува Енциклопедиски речник со над 3750 зборови  и над 750 фотографии. Книгата-РЕЧНИК, претставува Мала Лешочка  енциклопедија и  во  сите  31-на  буква од  македонската азбука ( од  А до Ш)  се   запишани  над 2000 именки, околу 400  глаголи и над 300 придавки. Од вкупниот број на именки, запишани се  преку 536 имиња на: населени места  над  48 зборови, топоними 166, родови и фамилии 93, цркви, слави и верски празници 143 и преку 86  зборови имиња  на лица, прекари и др.  Книгата-Речникот  е  отпечатен  во хартиена форма на  320  страни, а  во текот на 2024 година  ќе ја  публикуваме книгата и во Електронска форма. Најнапред ќе  го   објавиме Насловот-Кориците на книгата и Содржината, а  подоцна постепено ќе  внесуваме одредени поглавија од  книгата во ПДФ формат.

Со  почит,

Митко Поп  Спироски

Лешок, 24 Април 2024 година       

РЕЧНИК на зборови говорени во Лешок, Македонија-Корица-Наслов, 25 Март 2024
РЕЧНИК на зборови говорени во Лешок, Македонија-Корица-Позади, 25 Март 2024
ПОСВЕТА-Книгата ја посветувам на Свети Кирил Лешочки, на празникот 25 Март 2024 год.
СОДРЖИНА-Речник