Прво колено-Лалош

Јас потекнувам од свештеничката фамилија и  род  Спироски од Лешок, кој во минтото го викале под повеќе имиња ( Поповски, Попоој, Попови, Онуфриевски, Ончеви, Симонови, Китанови, Милошои, Лалошои, Главинои, Глајноој, Византијци ), како  и под многу други имиња ( Исакови, Дамјанови, Паунови…. ) во зависност од тоа кој бил поблизок или подалечен  предок, за наследниците. Но, од многуте претци, најповеќе се задржало името на родот Лалошои, Главинои, а  денес најповеќе се споменува името на родот Спироски. За генерациите на татко ми Живко, дедо ми Трпо, прадедо ми Спиро и прапрарадедо  ми Онуфрие, тие велеле дека потекнуваат и се од родот Лалошои од Лешок, додека мојата генерација и генерацијата на синот Огнен велиме дека потекнуваме и сме од поповскиот  род Спироски од Лешок.

Генерацијата на Лалош, како и неговиот син Милош, потекнувале од свештеничкиот род Главинои односно Глајноој од Лешок. Родот Главиои од  Лешок имал лоза и во Варвара.

  1. Прво колено-Лалош

Leave a Reply