КНИГИ НА МИТКО СПИРОСКИ-Циклус-Л Е Ш О К – 2

КНИГИ – 2026  година

ЛЕШАНИ,   честит  да ни е   28 Август, 2026 година, големиот православен  празник:  ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА ( БОГОРОЈЦА ).

На овој ден се отпечати книгата:

  •  РОДОВИ ОД ЛЕШОК, МАКЕДОНИЈА – GENEALOGIES IN LESOK, MACEDONIA, од авторот Митко Поп Спироски од  Лешок.

Книгата   е    во боја на  218 страници  и  содржи  податоци од неколку генерации родени од 19 до 21 век,  за  62  родови од  Лешок, во која се   споменати   над  3.000 лица родени во Лешок, со потекло, кои живееле и работеле   во Лешок.

Книгата е збогатена со 274 фотографии во боја  и  над 1.440 портрети на лица, од кои 820 портрети на лица, од сите 62 родови од Лешок, кои денес живеат во Лешок и Македонија и лица отселени во странство.

Лицата заинтересирани од  секој род, кои живеат во Лешок ќе  им биде донесена книгата во  куќата во Лешок.
Лица кои живеат во други места во Македонија и во странство, ќе  може книгата да ја  набават  лично од авторот, како и со  порачка- резервација преку СМС  на ФБ профил Mitko Spiroski.
Сите средства од продажбата на книгата, ќе се наменат  за изградба- обнова на црквата-параклис Св. Харалампие на Костоо, Лешок.
Со купувањето на книгата, Вие, помагате да се изгради односно обнови старата црква  Св. Харалампие на Костоо во Лешок.

Подолу ја давам насловната корици на книгата: РОДОВИ  ОД ЛЕШОК, МАКЕДОНИЈА.

КОРИЦИ-Наслов-РОДОВИ-КНИГА-28-Август -2026

Корица-Наслов-Родови-Лешок

Книгата  е во хартиена форма  и може  да ја најдете и во  библиотеките: НУБ Свети Климент Охридски, Скопје,   во Градската библиотека Кочо Рацин, Тетово и во Духовниот  центар  Кирил Пејчиновиќ во Лешочкиот манастир во Лешок.

За  Ваше информирање и запознавање  со содржината на книгата,  во продолжение  ќе  внесеме  текстови од одделни  поглавија  во  ПДФ  формат, и тоа:

Во продолжение се внесени сите 62  родови од  Лешок,  и тоа:

Б. ИМИЊА НА ЛИЦА ОД РОДОВИТЕ ВО ЛЕШОК

Повелете погледнете ја и преземете ја целата книга.

 ЦЕЛА КНИГА: РОДОВИ  ОД ЛЕШОК, МАКЕДОНИЈА,

автор : Митко Поп Спироски,  во ПДФ ФОРМАТ:

РОДОВИ ВО ЛЕШОК

кккккккккккккккккккккккккккккккккккккккккккккккккккккккк

Leave a Reply