Овој текст е Драфт верзија и ги запишувам книгите кои се напишани за Лешок, до 2019 година.
НОВОСТИ: На 25 Март 2024 година, авторот Митко Поп Спироски ја објави книгата: РЕЧНИК НА ЗБОРОВИ ГОВОРЕНИ ВО ЛЕШОК, МАКЕДОНИЈА -Лешочки говор (Љешечки гоор). Книгата претставува Енциклопедиски речник со над 3750 зборови и над 750 фотографии. Книгата-РЕЧНИК, претставува Мала Лешочка енциклопедија и во сите 31-на буква од македонската азбука ( од А до Ш) се запишани над 2000 именки, околу 400 глаголи и над 300 придавки. Од вкупниот број на именки, запишани се преку 536 имиња на: населени места над 48 зборови, топоними 166, родови и фамилии 93, цркви, слави и верски празници 143 и преку 86 зборови имиња на лица, прекари и др. Книгата-Речникот е отпечатен во хартиена форма на 320 страни, а во текот на 2024 година ќе ја публикуваме книгата и во Електронска форма. Најнапред ќе го објавиме Насловот-Кориците на книгата и Содржината, а подоцна постепено ќе внесуваме одредени поглавија од книгата во ПДФ формат.
Со почит,
Митко Поп Спироски
Лешок, 24 Април 2024 година